Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ризикот од нуклеарна војна расте

0
By Zoran Ivanov on June 18, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претстојната трка во нуклеарно вооружување ќе биде подеднакво поврзана за вештачка интелигенција, сајбер-просторот и вселената, колку што е со ракетите во бункерите, на подморниците или бомбите во авионите. Ќе биде подеднакво важен софтерот колку и хардверот.

Хелен Витл

Институтот СИПРИ предупредува од нова трка во нуклеарно вооружување, додека контролата опаѓа. Вештачката интелигенција и вселенските технологии дополнително ги менуваат нуклеарните капацитети.

Девет држави поседуваат нуклеарно оружје – САД, Обединетото Кралство, Франција, Израел, Русија, Кина, Северна Кореја, Индија и Пакистан – и речиси сите во 2024 продолжиле со интензивни програми за модернизација, унапредувајќи го постоечкото оружје и додавајќи понови верзии. Тоа е едно од клучните сознанија од Извештајот за 2025 година на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања СИПРИ.

Деведесет проценти од нуклеарниот потенцијал – две држави

Истражувачите на СИПРИ заклучуваат дека од проценетите 12.241 нуклеарни боеви глави во јануари 2025 година, околу 9.614 биле во воени залихи: или поставени на ракети, или лоцирани во бази со оперативни сили, или во централни складишта од кои би можеле да бидат распоредени. Проценките велат дека 3.912 од овие боеви глави биле распоредени на ракети и авиони, а околу 2.100 биле во состојба на висока борбена готовност на балистички ракети. Речиси сите овие боеви глави, околу 90 проценти, им припаѓаат на Русија или на САД, но се проценува дека и Кина можеби сега има боеви глави на ракети.

Аналитичарите на СИПРИ предупредуваат дека сè повеќе држави размислуваат за развој или распоредување на нуклеарно оружје, со обновени национални расправи за нуклеарниот статус и стратегија. Тоа ги вклучува и новите договори за распоредување на нуклеарно оружје – Русија тврди дека распоредила нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, додека некои членки на НАТО во Европа покажаа подготвеност да бидат домаќини на американско нуклеарно оружје. Суштината е дека нуклеарните арсенали во светот се зголемуваат и се подобруваат.

СИПРИ проценува дека Кина сега има најмалку 600 нуклеарни боеви глави и дека нејзиниот арсенал расте побрзо отколку на која било друга земја. Се верува и дека Индија во текот на 2024 година малку го проширила својот нуклеарен арсенал, додека Пакистан продолжил да развива нови системи за употреба на нуклеарно оружје – односно ракети и други воени платформи со кои нуклеарните боеви глави може да се лансираат кон целите.

Пакистан продолжил и со складирање фисионен материјал, кој е клучна суровина за производство на нуклеарно оружје. Израел, кој изврши напади врз ирански нуклеарни постројки на 13 јуни, во кои загинаа воени лидери и нуклеарни научници, и натаму ги крие информациите за сопствените нуклеарни капацитети. Сепак, се верува дека е во процес на модернизација на својот арсенал, како и унапредување на својот погоните за производство на плутониум во пустината Негев.

Крајот на нуклеарното разоружување – по распадот на СССР

Кон средината на 1980-тите, бројот на нуклеарни боеви глави, бомби и гранати во светот беше многу поголем отколку што е сега – околу 64 илјади парчиња. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и крајот на Студената војна, демонтирањето на повлечените боеви глави отстранети од нуклеарниот арсенал, одеше побрзо отколклу распоредувањето на нови. Но, судејќи според најновата проценка, трендот се чини дека се сменил.

„Најмногу нѐ загрижува што долгорочното намалување на бројот на нуклеарни боеви глави завршува“, вели директорот на СИПРИ, Ден Смит за ДВ.

Меѓународната безбедност повеќе од деценија наназад се влошува

Иако е вообичаена практика државите кои поседуваат нуклеарно оружје да ги модернизираат и надградуваат своите капацитети, Смит вели дека процесот се интензивирал уште кон крајот на вториот мандат на поранешниот американски претседател Барак Обама (од 2013 до 20 јануари 2017 година) со поголеми инвестиции во нови генерации ракети и носачи. „Уште неколку години пред тоа, безбедносниот хоризонт во светот почна да се затемнува и државите со нуклеарно оружје веќе почнаа да воведуваат процеси кои би можеле да ги наречеме „интензивна“ модернизација, односно не само мало дотерување, туку сериозни и големи промени“, вели Смит.

Во 2007 година рускиот претседател Владимир Путин одржа говор на Минхенската безбедносна конференција во кој остро го критикуваше светскиот поредок доминиран од САД, проширувањето на НАТО кон истокот и пристапот кон разоружувањето, што според него, ја загрозуваат руската безбедност. Но, само две години подоцна, во 2009 година, Барак Обама во Прага ја најави целта за целосно нуклеарно разоружување.

„Постоењето на илјадници нуклеарни боеви глави е најопасното наследство од Студената војна“, рече тој во тоа време.

Тој додаде дека САД „ќе преземат конкретни чекори кон свет без нуклеарно оружје“ и дека ќе преговараат со Русија за нов Договор за намалување на стратешкото оружје (Нов СТАРТ). Тој договор беше потпишан и стапи на сила во 2011 година.

Инвазија на Русија во Украина

Но, по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, администрацијата на Бајден ја објави нуклеарна стратегија за 2022 година во која модернизацијата на американскиот нуклеарен арсенал е наведена како еден од главните приоритети. Во февруари 2023 година, претседателот Путин потпиша закон со кој се суспендира учеството на Русија во договорот Нов СТАРТ.

„Бранот на несигурност се градеше полека од 2007-08 преку 2014 година, сè додека не почна да се урива во февруари 2022 година. Мислам дека тогаш многу обични граѓани станаа свесни за влошувањето што се случува повеќе од една деценија“, вели Смит.

Вештачката интелигенција и новите технологии го зголемуваат ризикот од нуклеарна војна

Во воведот за Извештајот за 2025 година, Смит предупредува на можноста од нова трка во нуклеарно вооружување што носи „многу поголем ризик и неизвесност“ отколку за време на Студената војна – првенствено поради вештачката интелигенција и новите технологии во сајбер-капацитетите и вселенските системи.

„Претстојната трка во нуклеарно вооружување ќе биде подеднакво поврзана за вештачка интелигенција, сајбер-просторот и вселената, колку што е со ракетите во бункерите, на подморниците или бомбите во авионите. Ќе биде подеднакво важен софтерот колку и хардверот“, смета Смит.

Тоа дополнително го комплицира прашањето како да се контролира и надгледува нуклеарното оружје и залихите, бидејќи во минатото конкуренцијата меѓу нуклеарните сили во голема мера беше само прашање на бројки. Долго време се води расправа за вештачката интелигенција во контекст на т.н. „роботи убијци“ (системи на смртоносно автономно оружје), а од почетокот на руската инвазија во  Украина, и за употребата на автоматизирани и полу-автоматизирани дронови – но, не толку во поглед на нуклеарно оружје.

Кој ќе биде во улогата на полковник Петров?

Вештачката интелигенција овозможува исклучително брза обработка на огромни количини на информации, а во теорија тоа би требало да им помогне на оние кои носат одлуки да реагираат побрзо. Но, софтверска или грешка во системот кој целосно се потпира на машинско учење и вештачка интелигенција, дури и мал технички дефект, потенцијално би можел да доведе до нуклеарен напад.

„Мислам дека мора да постои црвена линија со која веројатно ќе бидат согласни сите политички и воени лидери – а, тоа е дека одлуката за лансирање нуклеарно оружје не смее да ја донесува вештачка интелигенција“, вели Смит, потсетувајќи на советскиот потполковник Станислав Петров.

Во 1983 година, Петров бил на должност во советскиот команден центар за рано предупредување од атомски напад, 100 километри јужно од Москва, кога системот пријавил лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од САД, по што следеле уште четири. За среќа, Петров сметал дека станува збор за лажна тревога и решил да не ги пренесе веднаш информациите по командниот ланец – одлука што веројатно спречила возвратен атомски напад или, во најлош случај, тотална нуклеарна војна. „Претпоставувам дека големото прашање е кој во светот на вештачката интелигенција ќе ја игра улогата на потполковник Петров?“, се прашува Смит.

Извор: Дојче веле

 

атомска војна преживее
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.