Роберт Мугабе, претседателот на Зимбабве, денеска е разрешен од лидерската позиција во владејачката партија Африканскиот национален сојуз на Зимбабве – Патриотски фронт.
За негов наследник е избран Емерсон Мнангагва, поранешен заменик лидер на Африканскиот национален сојуз на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ), кого Мугабе го отпушти претходно овој месец.
Предлогот за негово отстранување од лидерската позиција на партијата, било поздрванео со овации од страна на членовите на Централниот комитет. Министерот за внатрешни работи Оберт Мпофу изјави дека одлуката била донесена со „тешко срце“ затоа што Мугабе и служел на земјата и имал големи достигнувања.
Во своето обраќање на Централниот комитет на ЗАНУ-ПФ, Мпофу нагласи дека сопругата на Мугабе, Грејс и нејзините блиски соработници ја искористиле неговата состојба за да ги ограбат националните ресурси. Грејс Мугабе е исклучена од партијата.