Рочиштето за предметот ,,Насилство во Центар“ е одлошено, бидејќи обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата. Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара да биде приведен и донесен со полиција на следното рочиште, објави Макфакс.
На судењето требаше да сведочи експретседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, но и тој не се појави на судењето. Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски доцнеше 15 минути.
Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.
Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.