Родителите и учениците од основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец, незадоволни од одлуката на училишното раководство да го оттуѓи игралиштето на приватна фирма за утре во 11 часот најавуваат протест.
Тие во допис до медиумите, тврдат дека училиштето при донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“, правно ја прекршило законската регулатива и било заобиколено мислењето на родителите.
Родителите бараат итно стопирање на градежните активности, раскинување на договорот, враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.
Тие бараат и да се преиспита законската регулатива која што го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности кои треба да се организираат единствено и само во интерес на учениците.