Барајќи одговори пред малезиската амбасада во Пекинг, роднините на кинеските патници се судрија со обезбедувањето.
„Вратете ни ги роднините“, извикуваат во плач околу 200 луѓе пред портите на амбасадата која е обезбедувана од полицијија.
Ваквиот развој на настаните доаѓа откако премиерот на Малезија соопшти дека според последните информации, авионот завршил јужно во Индискиот Океан на 8.март, и веројатно сите патници се мртви.
На социјалните медиуми, малезиската влада и „Малезија Ерлајнс“ беа строго критикувани, особено во Кина, поради недостатокот од докази.
Сите 239 луѓе, патници во авионот се претпоставува дека се мртви, а две третини од нив беа Кинези.
Фамилиите ги обвинуваат властите од Малезија за прикривање на информации, за измама и за залудно трошење време при истрагата.
Некои од фамилиите за резултатите вчера беа информирани преку смс-порака, што на социјалните мрежи беше прокоментирано како „бесчувствително“.