Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роднините на затворениците ќе блокираат улици ако нема референдум за амнестија

0
By Менче Атанасова Точи on September 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Рок од 48 часа и дадоа на Владата семејствата на затворениците за да се распише референдум за донесување на измени на Законот за амнестија. Тие бараат намалување на казните за 40 проценти, бидејќи затворите се пренатрупани, таму владеат нехумани услови.

Штрајкот со глад од денеска е прекинат, но незадоволството се сели на улиците.

„Мојот син е 43 дена во затвор, наместен е од полицијата и адвокатот. Невин е, боледува од психичка болест, лекар не сака да го прегледа. Син го купил телефонот за 500 денари, а тој што го украл и му го продал е на слобода. Осуден е на пет години затворска казна, а веќе осум години води борба со тешка болест. Се обратив до сите надлежни, никој не сака да помогне “ со солзи во очите раскажува Митревска Петра.

Најмногу се револтирани роднините на таксистите кои превезувале мигранти пред да се случат измените на законот, по што се осудени на високи затворски казни од по пет и повеќе години.

„Зошто нашите деца кои сакале да помогнат на мигрантите да бидат осудени на толку високи казни. Син ми е самохран родител, се качило некое семејство од бегалците, го осудија на пет години. Велат осуден е според некој член за криумчарење и препродавање органи, каква врска има превозот на бегалците со препродавање на органи„ рече Верка Златанова.

Семејствата на затворениците и Граѓанската иницијатива за донесување на предлог на Закон за амнестија и дадоа рок на Владата да го извести ДИК за да распише референдум со кој ќе соберат 10 000 потписи. Затворениците од пладне го прекинуваат штрајкот со глад во сите затвори во државата, но доколку до среда не се распише референдум, тие најавија блокирање на улиците и масовни протести.

„Доколку за 48 часа Владата не одговори позитивно , ние сме подготвени да ги блокираме улиците, со разни превозни средства, камиони, трактори. Ги замолувам да го прекинат штрајкот со глад, нивната борба продолжува сега овде“ рече пред присутните Мери Николова од Граѓанската иницијатива за донесување на Закон за амнестија.

Семејствата на затворениците бараат хумани услови во затворите. Во штипскиот затвор кој е со капацитет за 200 луѓе во моментот има 800 затвореници. Тие спијат на подот, во тоалетите. Корупцијата цвета во затворите, велат нивните блиски роднини.

„Се им носиме од дома, душеци, храна, вода. Синот ми е осуден на шест години, може да оди на домашно отсуство но, ете не го пуштаат. Нема правила во оваа држава, владее сиромаштија, народот го доведоа во ситуација да краде. Не ни треба оваа Влада“, рече еден татко, чиј син е во затвор додека во рацете го држеше својот внук.

Во затворот во Идризиво преадаптирани се шталите за говеда, кокошки, овци и таму сега спијат затворениците. Немаат медицинска нега. Во затворската амбуланта лежат 150 лица од кои 60 се донесени од психијатриската болница во Бардовци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.