Фрустрацијата со потрагата по исчезнатиот лет MH370 еруптираше во хаотични сцени откако кинеските роднини биле оневозможени да имаат средба со новинарите.
Тие се обидувале да зборуваат со кинеските новинари надвор од дневната прес-конференција во Куала Лумпур.
Исто така, Би-Би-Си новинар бил оттурнат од роднините, кои носеле транспаренти со кои го критикуваат водењето на случајот.
Екипи од 26 земји се обидуваат да го најдат лет MH370, кој исчезна на 8 март со 239 лица во авионот.
Една од роднините, средовечна жена, извика: “Тие даваат различни пораки секој ден. Каде е авионот сега? Најдете ги нашите роднини ! Најдете го авионот!”
Малезиската влада рече подоцна дека жали за сцените и нареди истрага, велејќи дека “само може да се замисли болката што ја доживуваат роднините”.