Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роговите на добрите, тивки граѓани македонски

0
By Биљана Секуловска on January 16, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секогаш се воодушевуваме кога ќе ја видиме имотната состојба на нашите драги функционери. Сеедно какви титули добивале тие низ сите овие години: големи политичари со надуени стомаци, важни директори со прелеани стомаци, ваши екселенции, мој наклон- намќорести амбасадори, високопочитувани сваровски партиски судии, намргодени шефчиња согласно партиските команди, висококотирачки изгубени партиски потрчкала, покорни, но сепак арогантни партиски полтрончиња, што се нема и кого се нема низ списоците на Антикорупциската комисија.

Што се тие не освоиле низ годините, или експресно, за само една година, кладете се дека некогаш може да биде и пола месец, о, какво изненадување, дури и за неполн час може да се стекне се што посакале и замислиле. А зошто не, кој би ги спречил?

Затоа имате по списоците распослани, удобни квадратури на станови насекаде, куќи, нешто земјишта, ниви, ливади и падини, за да не се разочара окото ако предвреме завршило. О, да, потоа доаѓа и по некое живеалиште на планина, или можеби цела шума, од каде капат поточиња и надоаѓаат бујни реки, па следат девизни и денарски штедни книшки, иако поударно е да се имаат дополнително и депозити, акции, накит и уметнички слики.

Но, ништо од тоа не е важно. Затоа што, на поголемиот дел од овие богатства, вистински непроценливи блага, во образложението пишува- “Стекнато на друг начин”. И сега, прашањето е клучно- кој може да ги обвини овие наши драги функционери, кога законите налагаат да не должат никакви објаснувања на граѓаните- како се стекнале со сите тие  богатства и удопства.

Оттука, тие наши кутри граѓани, наликуваат на оној пропаднатиот глумец, шаманот со крзно и рогови на бизон, што парадираше докрај полудено и театрално низ американскиот Конгрес. Со тоа што тој драматично ги шеташе сите тие реквизити на себе сосема свесен дека е патетичен егзибиционист, но суштински, по дефиниција- терорист.

Нашиве граѓани сопствените рогови ги шетаат несвесно, со децении, од време на време препознаваат дека имаат врз сопствената глава нешто што им боде очи на останатите, оние без рогови, оние со “стекнат имот од друга причина”, но, што ако. Овие вториве, со функциите, се развртуваат понекогаш, им се подиставаат, им прават пат, преплашени дека роговите можеби не се доволно долго цврсто наместени, дека ќе паднат, или ќе станат свесни нашиве граѓани на што заличиле низ годините.

Но, кога ништо од тоа не се случува, кога сите молчат и намерно ги кршат огледалата да не се видат, препознаат и ужаснат, нашиве драги функционери здивнуваат со олеснување. Тогаш, следува нов проект- понекогаш без тендер, а можеби  и со неколку, за да биде исмејувањето повесело, нарачуваат нови, свежи, уште поголеми рогови, кои им ги всадуваат засекогаш. За тоа време, мирно и трпеливо чекаат на ред да добијат бесплатни рогови, кротките, послушни граѓани, добрите, тивки  луѓе македонски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.