Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ на Франс Опен со 3-6 7-5 6-2 6-4 и со тоа влезе во историјата- стана првиот човек со девет трофеи на Гренд Слем.
По победата, Надал падна на колена, го тргна рекетот и го покри лицето со рацете. Коментарите на спортските репортери се дека Ѓоковиќ беше премногу нервозен после вториот сет.
“За мене тоа е неверојатно и емоционално, јас го загубив финалето на Австралија оваа година, каде што имав проблем со мојот грб и тоа беше тежок момент. Денес тенисот ми го даде назад она што се случи во Австралија. Играњето на Ролан Гарос е незаборавно, јас сакам да се заблагодарам на сите тука “, изјави Надал.
Рафаел Надал вели дека е “сигурен” дека Ѓоковиќ ќе победи еден ден на францускиот опен, но Србинот она што го направи е да седне и втренчен да гледа во далечината, можеби тој се прашува дали некогаш ќе ја освои титулата по која копнее најмногу, пишува Би-Би-Си.