Романците работат најмногу, а Финците и Французите најмалку – ова се резултатите од истражувањето на институтот Coe-Rexecode кое се спроведе помеѓу земјите членки на Европската унија.
Според истражувањето Романците поминуваат 2.099 часови на работа во текот на годината, второто место им припаѓа на Грците со 2.010, а третото на Унгарците со 1.969 работни часови.
Во текот на 2013 година, најмалку работеле финските и француските работници – 1.648, односно 1.661 часови.
Германците имаат поминат 1.863 часови на работа, а слични се бројките и за Британија.