Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романија ја расплетува партиската мафијашка мрежа на сите досегашни власти

0
By Светлана Јовановска on April 3, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Романија конечно ја уклучи машината која треба оваа земја да ја ослободи од корупцијата која со години ја «јаде» економијата, социјалата и севкупниот развој на земјата. Од средината на јануари државната служба за борба против корупцијата (ДНА) влезе во битка со сите кои ја осиромашуваат и крадат земјата.

Секојдневно се апси. Акцијата почна со апсење на поранешниот министер за економија која е осомничен за злоупотреба на власта, потоа познат газда на медиуми осомничен за даночно затајување, судија на Уставниот суд осомничен за корупција, првиот човек на обвинителството осомничен за организиран криминал…. Сите тие се веќе во притвор заедно со бизнисмени и други судии и чекаат судења.

Истрагата на ДНА почива на снимките на тајната служба на високи политичари.

Некои се веќе осудени како еден судија на 22 години затвор за судски одлуки кои тој ги фалсификувал, пет години за двајца министри за процесот на приватизација и уште десетина поранешни министри. Списокот е долг, велат медиумите. На него се наоѓа и поранешната министерка за информации која признава дека му платила 5 милиони евра на шефот на Демократската партија за да биде именувана за министер.

Уапсена е и Елена Удреа, блиска до поранешниот претседател Трајан Басеску која ја нарекуваат «блондинката на претседателот». Таа беше министе за туризам и кандидат за претседател и потоа пратеник.


Елена Удреа

Службата за борба против корупција (ДНА) води истраги за мајката, сестрата и Јулијан Хертану, зетот на премиерот Виктор Понта.


Јулијан Хертану, зетот на премиерот Виктор Понта

«Романија е на добар пат и мора да остане на тој пат», изјави потпредседателот на Европската комисија (ЕК) Франс Тимерманс додавајќи дека борбата против корупцијата е најголемиот предизвик и приоритет.

Кога Романија стана членка на ЕУ во 2007 година, ЕК воведе посебен механизам за Романија и Бугарија со кој Брисел ја следеше борбата против корупцијата. Лошите оценки за Романија ја спречуваа земјата за стане дел од Шенген зоната.

Во текот на 2014 година 1.138 јавни личности (политичари, бизнисмени, судии и обвинители) беа осомничени од страната на ДНА. Оваа акција ја води Лаура Ковеси.


Лаура Ковеси

Аналитичарката Алина Мунџиу-Пипиди од Романската општествена академија за Би-Би-Си вели дека во три години двете големи партии – демократската либерална партија и социјалдемократите – загубија на избори. Како резултат на она што таа го нарекува «меѓупартиска мафија» која ја водеше земјата со контрола на сите јавни набавки со огромни суми пари од ЕУ, кои кријеа данот и ги купуваа судиите и обвинителите во текот на долги 25 години. «Досега, истрагите во Романија беа селективни. Не повеќе”, вели Мунџиу-Пипиди.

Но таа ја подвлекува големата улога што во овој процес ја игра новиот претседател на земјата Клаус Јоханис кој беше избран во ноември 2014 година. Тој е политички аутсајдер и не е потписник на ниту еден од тајните договори помеѓу двете големи партии кои ја нагризуваа земјата.

Така, Моника Риџи, 37 години, поранешен министер за спорт и млади, беше осудена на 5 години затвор за злоупотреба на функцијата со трошење на 800 илјади долари од државните фондови за организирање на концерти за младите со ниски цени преку нејзините омилени фирми. Потоа парите од концертите биле делени помеѓу неа и партијата.

Со напукнувањето на мафијашкиот ланец почнаа и меѓусебни обвинувања помеѓу сите кои се дел од него. Така, Елена Удреа на еден сајт го обвини шефот на тајните служби дека барал 500.000 евра од нејзиниот сопруг за финансирање на една приватна телевизија. Откако е обинета, Удреа отркива детали за политичари, судии, бизнисмени. Аналитичарите тврдат дека ова е само почеток на демаскирањето на сите криминали на сите досегашни власти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.