Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романот „Дваесет и првиот“ на Османли ќе се публикува и на арапски јазик

0
By Нова ТВ on January 24, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот роман „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли в година ќе доживее уште едно издание во странство. Угледното книгоиздателството „Ал Араби“ од Каиро, претставувано од неговиот директор Шериф Бакр, потпиша договор со авторот за публикување на неговиот награден роман на арапски јазик.

Романот, во првичен тираж од 1.000 примероци, би требало да се појави од печат најдоцна до средината на 2017 година, иако публикувањето на македонскиот роман се очекува да се реализира во покус рок. Покрај печатеното издание, нашиот автор на египетскиот издавач му овозможи публикување на романот „Дваесет и првиот“ и во вид на електронска книга.

Издавачката куќа „Ал Араби“ ќе се погрижи дистрибуцијата на арапскиот превод на македонскиот роман на најширокиот, светски книжевен простор.

Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, кој неодамна се појави во превод и на руски јазик, е добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ во 2010. година, како и македонски кандидат за „Балканика“ истата година.

Романот беше објавен во Хрватска (издание на „Сандорф“ од Загреб, 2012), во Црна Гора (ОКФ, Цетиње, 2014) и во Белград (книгоиздателство „Дерета“, 2014), и деновиве беше објавен и на руски јазик (во издание на „Рудомино“ од Москава, 2015).

За меѓународниот 12. Саем на книгата во Солун кој се одржа во првата половина на мај годинава, романот „Дваесет и првиот“ доживеа и интернационално издание на англиски јазик на „Магор“.

Авторот Томислав Османли веќе има потпишан договор со книгоиздателството „Персеи“ од Софија, за превод и објавување на неговиот роман и на бугарски јазик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.