Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ромите и граѓаните од Шуто Оризари преку петиција бараат функционална поликлиника

0
By Соња Крамарска on May 5, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во Законот за здравствена заштита е јасно наведено дека во една поликлиника е
потребно да се обезбеди здравствена дејност на две или повеќе ординации од
специјалистичко-консултативната дејност и соодветна дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност и радиодијагностичка дејност. Меѓутоа ниту една од овие здравствени дејности не се обезбедува во поликлиниката во Шуто Оризари, што не е случај со поликлиниките во останатите општини во Скопје“ изјави Борјан Павловски од Здружение ЕСЕ.

Ромите и граѓаните од Шуто Оризари се соочуваат со сериозни проблеми во пристапот до основните здравствени услуги од примарната и секундарната здравствена заштита. Имено, кај дури 35% од Ромите од Шуто Оризари кои повикале Итна медицинска помош истата не дошла, додека кај 40% пристигнала во временски период подолг од 30 минути. Во Шуто Оризари нема доволен број на матични лекари, имено на 3.675 жители има 1 матичен доктор, додека во
Уредбата за мрежата на здравствени установи предвидено е да има еден матичен лекар на 1000 жители.

„Недостигот на матични лекари сериозно се рефлектира на здравјето на целата
заедница. Но стравот е уште поголем поради тоа што и сегашните матични лекари се веќе пред пензионирање, или пак дел од нив го продолжија работниот век, со цел да не остават дополнителни три илјади граѓани без матичен лекар“, изјави Фадил Џемаил од ИРИЗ.

Во општината нема ниту еден доктор специјалист кој има договор со Фондот за
здравствено осигурување, а нема ниту рентген апарат. За сите овие здравствени услуги луѓето од Шуто Оризари треба да патуваат во другите скопски општини што претставува дополнителна пречка за сиромашното население. Поради  недоволниот број на патронажни сестри во општината само 23% од жените Ромки биле посетени од патронажна сестра при последната бременост, додека само 18% од мајките и новороденчињата биле посетени од страна на патронажна сестра.

„Граѓаните ни кажуваат дека патронажните сестри веќе подолг перод не се присутни на терен во Шуто Оризари“, изјави Мерлина Мифтарова од Романо Чачипе.

„Секој пат кога ќе им се јавиме на патронажните сестри да ги прашаме зошто не ги посетуваат мајките и децата, ни кажуваат дека тоа е поради тоа што не се во доволен број, а имаат голем реон за посета“, изјави Фадил Џемаил од ИРИЗ.

Дежурната служба во Поликлиниката воопшто не е опремена со медицинска опрема, материјали ниту лекови.
„Лекарите во дежурната служба многу често пациентите ги препраќаат по
болниците. Освен стетоскоп и неколку инекции друго немаат. На прашањето зошто немаат, одговараат дека Здравствениот дом е одговорен и дека стетоскопите и друг материјал си носат од нивните ординации. Бројот на дежурни лекари кои ротираат се намалува, а се случува некои викенди да нема дежурен лекар“, изјави Фадил Џемаил од ИРИЗ.

„Поради сето ова дежурната служба е скоро невидлива и нефукционална и граѓаните често пати немаат можност да добијат лекарски третман во ноќните часови“, вели и Мерлина Мифтарова од Романо Чачипе.

Поради сите овие причини граѓанските организации Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе, Иницијатива за развој и инлкузија на заедниците – ИРИЗ и Здружениети за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, покренаа петиција со наслов „Бараме функционална поликлиника во Шуто Оризари“.

Преку петицијата граѓаните бараат од надлежните институции во поликлиниката во Шуто Оризари да обезбедат пункт за итна медицинска помош, дополнителни две опремени ординации за работа на матични лекари, специјалисти по интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија, рентген дијагностика, зголемен број патронажни сестри и опремена Дежурна служба.

петиција поликлиника Роми Шуто Оризари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.