Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот: Оптимист сум дека со добра волја и храброст може да се надминат проблемите

0
By Нова ТВ on November 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија и Германија, како актуелен претседавач со ЕУ, не сакаат да дозволат билатералните спорови меѓу една земја-членка и земја-кандидат да се пренесуваат на европско ниво, порача вечерва германскиот министер за Европа, Михаел Рот.

На тој начин, Рот уште еднаш отфрли дел од бугарските барања за вметнување на историските спорови во Преговарачката рамка.

Тој потврди дека Бугарија, како единствена од 27-те земји членки на ЕУ, денеска го блокирала усвојувањето на Преговарачката рамка за почеток на преговорите со ЕУ на Северна Македонија.

Рот се надева дека се уште има време, иако кусо, да се најде решение за спорот.

„Сакаме да ги тргнеме од патот сите пречки за да успееме уште за време на нашето претседателствување да ги започнеме Меѓувладините конференции. Но, сега не е време билатералните проблеми, кои во ова кратко време не успеавме да ги решиме, да ги пренесуваме на европско ниво. Мора како ЕУ да испратиме јасен сигнал на доверба кон Западниот Балкан, и притоа, како на Северна Македонија, така и на Албанија, кои многу сработија, да им го отвориме патот кон ЕУ“, рече Рот.

Германскиот министер изрази жалење што во изминатите денови не успеале дипломатските напори да се убеди Бугарија да ја одобри преговарачката рамка.

Во тие напори освен тој самиот и шефот на германската дипломатија Хајко Мас, според Рот, учествувал и комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Подоцна, одговарајќи на новинарско прашање, Рот ги групираше бугарските барања. Во првата група, според него, се бугарското барање за користењето на уставното име на државата и забелешката за именувањето на македонскиот јазик во документите на ЕУ, а во втората група, како што рече, „се редица други прашања од билатерален карактер“.

Објаснувајќи зошто Преговарачката рамка треба да содржи дел од бугарските барања, Рот појасни таа „ги вреднува и ги вклучува големите историски чекори.“

„Тоа значи дека од една страна содржи делови од Преспанскиот договор со Грција, како и најважните елементи од Договорот за добрососедство со Бугарија.“

Ставот на германскиот дипломат е дека, со оглед на забелешките на Бугарија, мора да се одлучи што е тоа што треба да се расчисти на европско рамниште, а што ќе се решава билатерално меѓу двете земји.

Тој останува оптимист дека спорот може да се надмине, но вели дека рокот за тоа е до Божик.

„Оптимист сум дека со добра волја и храброст може да се надминат проблемите. На Западниот Балкан му треба јасен сигнал дека сме со него и дека ќе ги исполнуваме ветувањата кога ќе се завршат домашните задачи“, рече Рот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.