Нико Розберг објави дека се повлекува од Формула 1 само пет дена откако ја освои светската титула.
Возачот на Мерцедес оваа шокантна одлука ја обелодени на прес конференција во ФИА, а за причините напиша пост и на фејсбук.
Розберг изјави дека не може да го повтори трнливиот пат кој го изодел за да го победи Луис Хамилтон за годинешната титула.
„Сега сакам да уживам во моментот и да го почувствувам во следниот период, да се навраќам на сезоната што измина и да уживам во секое искуство на кое ќа наидам на мојот пат понатаму. Ќе свртам нова страница во животот и ќе видам што ме чека понатаму“, напиша Розберг во своето емотивно обраќање на фејзбук до фановите.
Розберг е пет месеци помлад од Луис Хамилтон, двајцата имаат 31 години, и се 11 сезони во Формула 1.Тој возеше за тимот на Вилијамс пред да потпише за Мерцедес во 2010 година. Заврши како вице-шампион во 2014 и 2015 година зад Хамилтон, со што ривалството меѓу нив уште повеќе се зголеми.