Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија, Белорусија и Kaзахстан формираа евроазиска унија

0
By Нова ТВ on May 29, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешниот самит во Астана, Русија, Белорусија и Казахстан потпишаа договор со кој нивната Царинска унија на 1 јануари догодина ќе стане Евроазиска економска унија. Сепак, некои нејзини сегашни членки почнаа да се сомневаат во вистинските намери на Русија, особено по настаните во Украина, пренесува во анализа Радио Слободна Европа.

Користејќи комбинација на субвенции и принуда, Москва ја остварува нејзината намера за Евроазиска унија. Како што овој блок суштински се зацврстува, симултано расте и бројот на земјите. Ерменија и Киргистан веќе се на патот да станат членки на Унијата.

Заедно денеска создаваме моќен и привлечен центар за економски развој, огромен регионален пазар од над 170 милиони луѓе.
Владимир Путин, претседател на Русија.

„Заедно денеска создаваме моќен и привлечен центар за економски развој, огромен регионален пазар од над 170 милиони луѓе“, рече денеска во Астана рускиот претседател Владимир Путин.

Но, поради украинската криза, кога се покажа готовноста на Москва да интервенира во внатрешните работи на нејзините соседи, се јави страхување кај некои сегашни и идни членки.

„Го анализиравме документот внимателно и мора да кажам дека има некои точки за незадоволство. Ќе работиме да ги поправиме“, изјави во Астана белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Очигледно е дека тоа е политички проект. Русија се гледа себе си како геополитички пол во глобалните односи и нејзиниот проект да има сојузници од советското време не е само економски“, вели Нику Попеску, аналитичар во Институтот за безбедносни студии на Европската унија.

Тоа особено се покажа на самитот на трите земји од Царинската унија минатиот месец во Минск.

„На Евроазиската унија претходно се гледаше како на платформа за постигнување компромиси. Но, сега по настаните во Украина, стана јасно дека не се работи само за размена на стоки и услуги“, вели Јури Чаусов, политички аналитичар од Минск, додавајќи дека е очигледно оти оваа Унија нема да биде слична на онаа Европската, односно дека сите сфаќаат оти во неа партнерите нема да бидат еднакви, туку ќе му служат на еден лидер.

За дел од аналитичарите Русија на ваков начин се обидува да ја врати политичката доминација од времето на Советскиот Сојуз.

„Очигледно е дека тоа е политички проект. Русија се гледа себе си како геополитички пол во глобалните односи и нејзиниот проект да има сојузници од советското време не е само економски“, оценува Нику Попеску, аналитичар во Институтот за безбедносни студии на Европската унија.

И покрај тоа што Царинската унија функционира од јануари 2010 година, тешко е да се процени какво е економското влијание врз нејзините членки.

Помалите членки постојано се жалат дека Русија, и покрај Унијаа, се уште целосно не ги отворила нејзините пазари. Напротив, таа ги зголеми заштитните тарифи како одговор на глобалната финансиска криза, принудувајќи ги и другите две членки да го сторат истото.

Доколку руската економија, поради кризата во Украина, се соочи со пошироки санкции од Западот, тогаш индиректно ќе бидат погодени и Белорусија и Казахстан.

И покрај ваквите изгледи, Ерменија и Киргистан ги забрзаа нивните чекори кон приклучување на заедничкиот блок. Ерменија ги изненади познавачите на приликите кога нејзиниот претседател Серж Саркисијан лани изјави дека ги суспендира разговорите со Европската и ќе бара членство во Евроазиската економска унија.

Што се однесува до Киргистан, пак, многумина ја цитираат изјавата на претседателот Алмазбек Атамбаев:

„Мора да сфатите дека за жал ние немаме алтернатива. Украина може да избира меѓу Европската и Царинската унија. Нашиот избор е мал“, рече тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.