Министерството за внатрешни работи на Русија им порача на Америка и Украина да не се грижат бидејќи Русија не планира да врши невообичаени воени акции во близина на Украина.
Во соопштението е наведено дека ова „го потврдила и мартовската меѓународна инспекција извршена согласно Виенската спогодба, како набљудувачите на летови во рамките на Спогодбата за отворено небо“.
Сите обиди Рисија да се обвини за поставување војска се неосновани, велат од руското МВР, по повод состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ на 7 април во Виена, на кој Русија не присуствуваше, а на кој беше истакната загриженоста на Киев и Вашингтон за активностите на руската војска во близина на границата во Украина.
Од руското МВР со апел „САД и другите земји да престанат да ги користат состаноците на ОБСЕ за подигнување на тензии околу Украина и да започнат со конструктивни напори за насочување на соработката во разрешување на кризата во Украина“.
Германската канцеларка Меркел денеска изјави дека Москва не ги превзема сите неопходни чекори за да смири кризата во Украина, која сама мора да одлучи за својата иднина.