Русија ги демантира наводите дека поставила ултиматум за украинските сили нарекувајќи ги „бесмислени“.
Според претставник на руските сили, тие „навикнале на секојдневните обвиненија за користењето сила против украинските сили, но дека напорите да се предизвика судир нема да успеат“, пренесува Интерфакс.
>>Русија со ултиматум: Повлечете се или соочете се со „воена бура“
Истовремено, претставниците на автономните власти на Крим ја разгледуваат блокадата на украинските телевизиски станици, за, како што соопштија, да ги запрат „тековите на лагите“.
Во меѓувреме, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) најави дека вечерва ќе испрати набљудувачи за Киев.
– Набудувачите ќе имаат задача непристрасно да ги утврдат фактите и на лице место да ја проценат ситуацијата, изјави помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, по завршувањето на заседанието на ОБСЕ посветено на Украина.
Таа изрази надеж дека набљудувачите ќе можат да заминат за Крим, каде, според неа, има најголема потреба од нив.
Претставниците на 57-те земји-челнки на ОБСЕ, меѓутоа, се уште треба да постигнат согласност во однос на испраќањето мисија на Организацијата во Украина, бидејќи Русија има резерви кон ефикасноста на ваквите мисии.