Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија гранатирала украински термоелектрани речиси 180 пати од почетокот на војната

0
By Marija Todorovska on April 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 24 февруари 2022 година, руската армија ги нападнала украинските термоелектрани речиси 180 пати, изјави ова на радио Хромадске извршниот директор на ДТЕК, Дмитро Сахарук, пренесува Укринформ.

„Од почетокот на целосната инвазија, окупаторите ги гранатираа нашите термоцентрали речиси 180 пати. Нападот на 27 април беше, всушност, четвртиот голем напад по оние на 22 и 29 март и 11 април“, рече Сахарук.

Според него, се анализираат последиците од нападот. Четири производни единици претрпеа прилично значителна штета.

Како што предходно пренесе Укринформ, ноќта на 27 април, Русија нападна четири термоелектрани ДТЕК, сериозно оштетувајќи ја опремата, објави на Фејсбук DTEK Group.

„Непријателот уште еднаш масовно ги гранатираше енергетските капацитети на Украина. Синоќа во нападот беа оштетени четири термоцентрали на ДТЕК“, се вели во соопштението.

Според првичните информации, за жал, има жртви.

„Опремата на претпријатијата е сериозно оштетена. Енергетските инженери во моментов се обидуваат да ги отстранат последиците од нападот“, соопшти ДТЕК.

Како што беше објавено претходно, непријателот изврши масовен ракетен напад врз Украина во текот на ноќта во саботата.

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, во објавана Х на 796 ден од целосната руска инвазија врз Украина, уште еднаш ја нагласи потребата на Украина од системи за противвоздушна одбрана и соодветни ракети, артилериски системи, ракети со долг дострел, системи за електронско војување и модерни борбени летала.

Државата-терорист рф продолжува да убива Украинци и да ја уништува Украина.
Нашите клучни потреби остануваат непроменети: системи за противвоздушна одбрана и соодветни ракети, артилериски системи, ракети со долг дострел, системи за електронско војување и модерни борбени летала, напиша амбасадорката Дир.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.