Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија и се заканува на ЕУ со одмазда

0
By Нова ТВ on March 7, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ со својата одлука да ги замрзне разговорите за визни олеснувања зазеде „екстремно неконструктивна позиција“, соопшти денеска (7.03) руското Министерство за надворешни работи. „Русија нема да го прифати јазикот на санкции и закани“, се вели од Москва и се нагласува дека доколку ЕУ навистина донесе заострени казнени мерки, Русија ќе се одмазди.

Шефовите на држави или влади на ЕУ вчера во Брисел се договорија за санкции против Русија. Меѓу другото, стопирани се преговорите за визни олеснувања, како и за нов договор за соработка со Русија. Германската канцеларка Ангела Меркел по вонредниот самит изјави дека доколку Русија во текот на наредните денови не се согласи со основање Контакт група, би можело да биде воведена забрана за влез во ЕУ за одговорни лица во Москва, како и замрзнување на сметки. Меркел не исклучи и можност за евентуални економски санкции.

Независно од најавените санкции на Западот, рускиот парламент денеска искажа отвореност за евентуално припојување на Крим кон Русија. Претседателите на двата дома на Парламентот изразија поддршка во случај населението на полуостровот на референдум да се одлучи за отцепување од Украина и припојување кон Русија.

„Доколку народот на Крим донесе таква одлука, ние тоа решение ќе го поддржиме“, изјави претседателката на горниот дом на рускиот парламент Валентина Матвјенко, додека првиот човек на Думата Сергеј Нарушкин рече дека парламентот „ќе ја почитува историската одлука на населението на Крим“.

Кримските пратеници вчера (6.03) го замолија рускиот претседател Владимир Путин за прием на Крим во Руската Федерација. Освен тоа беше донесена одлука за поместување порано на датумот на одржување на референдумот за иднината на Крим, односно беше одлучено тој да се одржи веќе на 16. март.

Украинскиот преоден претседател Олександер Турчинов најави дека ќе почне постапка за распуштање на парламентот на Крим. ЕУ и САД го осудија заклучокот на кримските пратеници за припојување кон Русија како „илегален“.

Сторијата е превземена од сервисот на македонски јазик на Дојче Веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.