Русија соопшти дека ја ограничува испорката на гас за Украина, бидејки денеска истече рокот кој Москва му го постави на Киев за исплата на досегашните долгови. Засега, снабдувањето со руски гас за Европа не би требало да биде доведено во прашање.
Портпаролот на Газпром изјави дека поради тоа што Украина не платила ништо, веќе не може да добива гас, а Киев има обврска да овозможи протекување на гасот низ нејзина територија за потрошувачите во Европа.
„Газпром“ пред Столкхолмскиот суд го тужи „Нафтогас – Украина“ за неплатен долг од 4,5 милијарди долари.
„Одлуката е донесена заради хроничното неподмирување на обврските за испорачан гас од страна на „Нафтогас“-Украина. Компанијата должи 1,451 милијарди долари за ноември и декември минатата година, како и 3,007 милијарди долари за април и мај годинава“,се вели во во соопштението на „Газпром“.