Москва има во план да ги признае изборите кои следниот викенд ќе ги одржат про-руските сили на истокот во Украина, изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
Русија веќе ги призна парламентарните избори во Украина на кои победија про-западните партии.
– Очекуваме одржување на изборите според планираното, а ние секако ќе ги признаеме резултатите, вели Лавров во интервју за руски „Известија“.
Претседателските и парламентарните избори закажани за 2.ноември се планирани во Доњецк и Луганск, откако самопрогласените републики одбија учество во изборите организирани од Киев.
Со мировниот договор постигнат минатиот месец во Минск помеѓу претставници на Русија и Украина, дозволено е одржување на локални избори.