Русија денеска упати апел до Северна и Јужна Кореја и до САД да покажат „највисок степен на одговорност и воздржаност“, откако Пјонгјанг соопшти дека е во воена состојба со Сеул.
„Очекуваме никој да не ја премине линијата после која нема враќање“, изјави за Интерфакс, Ѓорѓи Логвинов, од министерството за надворешни работи на Русија, задолжен за односите со Кореја.
Кина, која е прв трговски партнер на Северна Кореја, повика сите страни да вложат „заеднички напори“ за смирување на страстите.
Северна Кореја и САД потребно е да ја стишаат реториката и да се заложат за враќање на преговорите.