Руските знамиња се истакнати денеска на сите воени касарни и управни згради на Крим, а над 15.000 украински војници од Крим изразија желба службата да ја продолжат во безбедносните структури на Русија, изјави началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов, додавајќи дека украинските војници кои би го напуштиле полуостровот тоа можат да го направат со возови и без оружје.
„Знамињата на Руската Федерација истакнати се на сите 193 единици и воени институции стационирани на Крим“, ја пренесува РИА Новости, изјавата на Герасимов.
Како што кажаа украинските официјални лица, руските сили синоќа ја презеле контролата над последните украински бродови на Крим. Русија ја превзела контролата на полуостровот во период од три недели.
До вчера во привремениот пункт во Севстопољ се регистрирале приближно 15.о00 украински војници кои треба да го напуштат Крим, објавува Итар-тас.
Герасимов рече дека вагони од Севестопољ, Симферопољ, Евпаторија, Феодосија и Керч ќе бидат приклучени на патничката композиција кои возат за Украина.
Итар-Тас потсетува дека украинската страна предходно јавуваше дека според податоците на довчерашниот челник на украинскиот министер за одбрана на Украина, Игор Тењух, на Крим и Севастопољ имало 18.000 украински војници, од кои во морнарицата 11.900, а во воздухопловството 2.900.
Тењух кој вчера поднесе оставка, рече дека приближно 4.300 војници и 2.200 членови на нивните семејства сакаат да ја продолжат службата во украинската војска и да бидат евакуирани од Крим.
Министерството за одбрана на Украина вчера соопшти дека е постигнат договор со Русија за повлекување на украинските единици „во полн состав со оружје“, јавува Итар-Тас.