Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руската амбасада со фејсбук провокации по средбата Заев-Шчербак

1
By Сашка Цветковска on October 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руската амбасада се пожали дека соопштението на владата пратено по средбата меѓу амбасадорот и премиерот не ги одразувало нештата кои се зборувале, но не посочуваат што е тоа. Владата, пак, останува на ставот дека соопштението е точно и кореткно. 

Текстот на владиното соопштение пратено до јавноста по средбата помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и рускиот амбасадор Олег Шчербак не било усогласено со кабинетот на амбасадорот, обвини денеска Руската амбасада еден ден по средбата која е прва таква по тензичната промена на власта минатиот мај откако руската дипломатија во тој период даде отворена поддршка на претходната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

На својата фејсбук страница, амбсадата напиша дека соопштението испратено од прес службата на владата не ја отсликува реалноста и дека „не претставува сосема коректен одраз на одделни оценки кои беа изнесени за време на разговорот од страна на амбасадорот на Русија“. Во реакцијата објавена на нивната Фејсбук страна, руската амбасада реагира дека „текстот на посоченото соопштение не е усогласен со руската страна“.

Владата вчера се пофали дека разговорот поминал конструктивно, се зборувало за одржување на традицонално добрите односи со Руската федерација, а во истото соопштенеи ги потврди и заложбите на владата за евро-атланските интеграции кои не би требале да претставуваат пречка за односите со Русија.

Заеднички е оценето дека отворените и посветени политики на премиерот Заев и на новата Влада создаваат услови за интензивирање на соработката помеѓу Република Македонија и Руската Федерација во областа на економијата, трговијата и инвестициите, земјоделството, енергетиката, транспортот, научно-техничката соработка и културата, што ќе се унапредува со меѓувладина и меѓупарламентарна соработка.

– Владата на Република Македонија е посветена на остварување на стратешките цели на државата ЕУ и НАТО, како и на градење пријателски односи со сите држави, меѓу кои и Руската Федерација на принципиелно демократско ниво, се вели во дел од соопштението на власта испратено вчера по средбата.

Руската амбасада во својата реакција не наведува прецизно кои од кфалификациите во владиното соопштение не се одраз на она што реално се зборувало на средбата.

Од Владата на демантот испратен од Руската амбасада велат дека немаат пракса да услогласуваат соопштенија по овој вид средби.

„Владата на Република Македонија го кажа својот став со вчерашното соопштение по средбата. Владата на Република Македонија  нема пракса да усогласува соопштенија по овој вид на средби“, велат од Владата.

Старо-нови (не)пријателства

Активностите на руската амбасада во Македонија за време на кризата која ескалираше со насилството врз пратениците од опозицијата во собранието на 27 април годинава не се толкуваа како  пријателски кон СДСМ ако се има во предвид дека Кремљ беше нескриен и силен поддржувач на до скоро владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ водена од Никола Груевски кој даде оставка од позицијата премиер согласно Договорот од Пржино во 2015 година. Русија критикуваше дека за време не декемвриските избори имало мешања од страна на САД и ЕУ, пред се на, како што велат, „администрацијата на Обама“ и обвинија дека тие го поддржуваат Заев и идејата за „Голема Албанија“.

Во серијал истражувања на НОВАТВ и OCCRP за лоби активностите на поренашната владејачка партија, како и поддршката на Русија во тие процеси кои подоцна доведоа до дестабилизација и загрозување на евро-атланските перспективи, се открија документи кои потврдија дека руски шпиони и дипломати биле вклучени во речиси децениски долги напори за ширење пропаганда и провоцириње раздор во Македонија. Овие напори биле дел од пошироки регионални напори за спречување на балканските држави да му се придружат на НАТО.

Оваа колекција од службени извештаи, исто така, ги опишува и напорите на српското разузнавање за поддршка на анти-западните и про-руските националисти во Македонија. Тие за прв пат го обезбедуваат досега најчистиот приказ врз руските тековни обиди за зголемување на своето влијание врз земјите од поранешна Југославија и напорите за оттргнување на регионот од Западот. Во април годинава парламентот во Црна Гора гласаше за земјата да стане најновата члена на НАТО. Македонија и Босна и Херцеговина се кандидати за членство, а дури и Србија ги продлабочи своите врски на одбранбен план и покрај нивното длабоко незадоволство од трансатланската алијанса кои изведоа воздушни напади врз земјата во 1999 година.

Руските и српските напори допринесоа за комплексната политичка криза во Македонија во и онака поделената земја на етнички план особено со  немирното албанско малцинство кое што сочинува четвртина од населението во земјата.

Според еден од извештаите подготвен на почетокот на годинава за шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, во последните 9 години Македонија е „под силна субверзивна пропаганда и разузнавачки активности спроведувани преку Амбасадата на Руската федерација“. Почетокот на руските активности во Македонија коинцидира со уназадувањето на македонските напори за приклучување кон НАТО во 2008 година кога Грција става вето поради долгогодишниот спор со името.

Русија критикуваше дека за време не декемвриските избори имало мешања од страна на САД и ЕУ, пред се на, како што велат, „администрацијата на Обама“ и обвинија дека тие го поддржуваат Заев и идејата за „Голема Албанија“.

Во друг документ со датум од 7 април којшто претставува белешка по состанок помеѓу висок функционер во македонското МНР, Ненад Колев, и рускиот амбасадор Олег Шчербак, амбасадорот споменува дека руската цел на присуство овде е да „креира појас на воено неутрални територии на Балканот кој ги вклучува Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во други документи, пак, амбасадорот Шчербак беше и лично посочуван.

Шчербак ги изразува своите фрустрации дека македонските официјални лица не одговараат со ист реципроцитет на руската комплетна јавна поддршкка во однос на странските мешања и имплицира дека тоа може негативно да влијае врз економските и дипломатските врски доколку официјална Македонија не почне да ги поддржува напорите кои ги вложува Кремљ.

„Не можеме да бидеме поголеми Македонци од Македонците“, се вели во белешката на Колев по состанокот. Тројца Македонци службеници во МНР, чии имиња не ги соопштуваме во интерес на нивната заштита, ја потврдија средбата помеѓу Колев и рускиот амбасадор, како и тоа дека високи функционери на МНР имале зачестени средби со руските претставници, особено во последните неколку месеци. Руската амбасада не одговори на прашањата испратени до нив. Во интервју за „Еуроњус“ во април годинава пред настаните во парламентот, Зоран Заев, сега премиер, изјави дека се плаши дека „Русија ќе има се поголем простор за наметнување на нивните интереси доколку не се преземат поголеми мерки од страна на ЕУ и НАТО и нивниот низок интерес за Македонија и регионот“, се вели во истражувањето.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.