Парламентот ќе го почитува „историскиот избор“ на Крим што ќе биде донесен на референдум за спојување со Русија на 16 овој месец, соопшти претседателот на руската Дума, Сергеј Наришкин.
Тој зборувајки пред делегацијата на кримските паралементарци предводена од претседателот на регионалниот украински парламент Володимир Koнстантинов, во Москва изјави дека Думата ќе го подржи слободниот и демократски избор на населението на Крим.
Кримскиот парламентот вчера гласаше за соединување на Крим со Русија и закажа референдум за ова прашање на 16 март.
Според известувањата на CNN утрово, мисијата на ОБСЕ во наредните неколку часа ќе проба да влезе во Крим за да ја набљудува ситуацијата.