Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е ставен во домашен притвор и му е забрането користење на интернет или да прима посетители. Тој многу често на блогот пишува за корупцијата во Русија.
Куќниот притвор е за два месеци, но може да биде продолжен, јавува Би-Би-Си.
Иследниците го обвинија за кршење на условите на условната казна од претходниот случај- тој доби пет години условна казна за кражба на 16 милиони рубљи (450.000 $) од компанија во 2009 година.
Навални, еден од водечките претставници на опозицијата и анти-корупциската кампања, ги отфрли обвиненијата против него како смешни и политички мотивирани.
Официјалните лица изјавија дека тој повеќе пати патувал во близина на Москва, со што ја прекршувал казната.