Претседателот на Русија, Владимир Путин е кандидиран за Нобелова награда за мир, соопшти денеска претседателот на Нобеловиот институт во Осло, Гејр Лундестад.
За овогодинашната награда номинирани се рекорден број кандидати, а помеѓу 278-те поединци и организации, се наоѓаат и папата Францис, како и поранешниот службеник на Американската национална агенција за безбедност Едвард Сноуден кој на светот му соопшти како функционира НСА, односно дека прислушкува и следи телефонски разговори и пошта на милиони луѓе во светот.
Скратената листа на кандидати ќе биде направена до крајот на мај, гласањето за добитник ќе се одржи во октомври, а доделувањето на наградата ќе биде во декември.
Во меѓувреме, Путин и неговата земја се во центарот на вниманието во светот поради тензичната ситуација на регионот Крим во Украина.