Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за признавање на Крим “како суверена и независна држава”, велат претседателските извори, јавува Би-Би-Си.
“Оваа уредба влегува во сила на денот на кој е потпишана”, додаваат тие.
Овој потег уследи по референдумотот в недела во Крим, во кој официјални лица изјавија дека 97% од гласачите го поддржаа отцепувањето од Украина и да се приклучи на Русија.
ЕУ и САД претходно воведоа санкции за голем број официјални претставници од Русија и Украина во текот на гласањето.
Рускиот претседателски декрет беше издаден “со оглед на изразување на волјата на народот на Крим во општиот Кримски референдум, кој се одржа на 16 март 2014 година”, се вели во текстот на декретот.