Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускиот уметнички колектив „Что делат“ на фестивалот КРИК во Скопје

0
By Нова ТВ on December 15, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синоќешното отворање на второто издание на КРИК фестивалот за критичка култура,  во Музејот на современа уметност, помина во знакот на светски познатиот уметнички колектив „Что делат“ од Русија, кои ја презентираа својата работа, а Оксана Тимофеева, една од членовите, одржа воведно предавање.

Фестивалот го отвори министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој рече дека темата на фестивалот е одлично погодена, затоа што токму тоа се главните предизвици со кои сега се соочуваме како општество.

-Од една страна да излеземе од транзицијата, да и ставиме крај и тоа се и политичките цели на новата влада и на сите нас кои учествувавме во таа опозициска и шарена револуција што ги донесе промените во Македонија. А од друга страна, спасот или излезот од заробеноста во тие огледала кои постојано ни се повторуваат, ќе биде најтеѓката задача, значи конечно да тргнеме и да ги конструираме и општествените и културните и уметничките текови, пред се самите политичките и економските на поинаков начин, а не така што постојано ќе ги повторуваме коруптивно клиентелистички практики, без разлика кој ќе дојде на власт, односно некогаш општествените инерции некогаш се посилни од општествените структури доаѓаат на позицијата на моќ. Ми се чини дека тоа е клучниот момент којшто сега ние го чекориме и токму затоа и понатаму е потребен и притисокот и отвореноста и критичноста на јавноста, рече Алаѓозовски. 

Искра Гешоска, претседателка на „Контрапункт“ истакна дека КРИК фестивалот и во своето второ издание продолжува да ги истражува односите на проникнувањето на културата, уметноста, политиката и политичкото.

-Нас ни е многу важно дека ја продолжуваме оваа битка, со ваша поддршка, сосздавајќи во овој простор,кој прилично долго беше задушен во отсуство на таа критичка култура и на тие процепи, кадешто провираше критичкото мислење, сепак може, веруваме дека може заеднички да произведеме поинаков контекст во кој ќе функционира критичката маса и тоа го правиме заедно и затоа велиме дека овој фестивал е отворена платформа за критичка култура, рече Гешоска

Елена Велјановска, кураторка, им се заблагодари на гостите од Русија и на сите учесници и рече дека темата на фестивалот ја отсликува реалноста во Македонија во услови на смена на власта и повторно обмислување на општеството, но и глобалната ситуација на популизам и репресивни политики и желбата тоа да се истражува од аналитичка дистанца.

Публиката во МСУ можеше да се запознае со работата на умтничкиот колектив „Что делат“ (Што да се прави) низ видео и разговор за нивните дела.

-Многу ни е интересно и благодарни сме што што дојдовме во Македонија, која иако е мала земја, низ она што актуелно се случува тука, може непосредно да се следат трендовите на она што се случува во политиката на глобало ниво и тоа на еден многу кондензиран начин. Имате некои експлицитни трендови, кои можеби нема да се многу очигледни во Њујорк, но тие процеси во Македонија може веднаш да ги препознаете. Исто така сме благодарни што во овие тешки времиња се појави надеж, а тоа е Македонија, каде  се проеминија односите на моќ и се надеваме дека нема да ја пропуштите шансата споредене со другите држави, рече Дмитри Виленски, уметник.

Името на колективот се поврзува со првата организација на социјалистичкиот работник во Русија, која Ленин ја актуализира во сопствената публикација: Што да се прави? (1902).

„Что делат“ се застапуваат за еднаквост на сите луѓе, притоа борејќи се против различните форми на патријархатот, хомофобијата и родовата нееднаквост. Своите идеи ги пренесуваат преку широка уметничка продукција: филмови, театарски претстави, радио-рограми, мурали, како и проекти, јавни кампањи и семинари. Главно се фокусирани на отфрлањето на сите форми на угнетување, вештачко отуѓување на луѓето, како и нивно искористување и експлоатација. Тие инсистираат на еднаква распределба на природните ресурси и богатството произлезено од човековиот труд, со цел благосостојба за сите.

Оксана Тимофеева, професорка по филозофија, една од членовите, одржа воведно предавање на тема „Вештерство и солидарност“.

Потоа беше прикажан новиот филм на „Что делат“ насловен “Palace Square 100 Years After. Four Seasons of Zombie”, кој во септември, годинава, беше претставен и во МОМА во Њујорк.  

Дел од фестивалот беше и музичкиот сет на Јана Коцевска.

Вечерва на програмата на фестивалот КРИК ќе се одржи разговор со локални и регионални куратори и критичари насловен „Светот околу нас – критичките ставови во регионот“

Учесници: Миљенка Буљевиќ, Антонија Летиниќ, Лука Остојиќ, Лујо Парежанин, Весна Милосављевиќ, Лара Плавчак, Миха Келемина и Небојша Вилиќ. Модератор: Владимир Јанковски. Настанот се одржува во партнерство со во партнерство со kulturpunkt.hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија) и SCCA – Љубљана (Словенија).

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Фондација отворено општество – Македонија, Гете-институт Скопје, Фондацијата Култура нова од Хрватска, Фармахем и Министерство за култура на Република Македонија. Логистички партнери на фестивалот се: НУ Музеј на современа уметност – Скопје и порталот окно.мк Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.

Крик 2017 Что делат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.