Руските научници тврдат дека пронашле делови од метеорот којшто во петокот се урна на подрачјето на Урал и повреди околу 1.200 луѓе, јавува BBC.
Деловите наводно се пронајдени во околината на замрзнатото езеро близу градот Чебаркул, во реонот на Челебинск.
Првично се веруваше дека деловите од метеорот паднела во езерската вода, меѓутоа уште во петокот нуркачите го пребараа езерото и не најдоа ништо.
Виктор Гроховски професор од една руска гимназија рече дека метеорот содржел 10 проценти железо. „Само што го завршивме истражувањето, според честичките кои ги пронајдовме, може да се каже дека навистина станува збор за метеор. Тоа е обичен камен метеор, кој содржи десет проценти железо. Најверојатно ќе го наречеме Чебаркул метеорит“, изјави за руските медиуми Гроховски.
Штетата која ја предизвика метеоритот се проценува на 33 милиони долари.