Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руските сили убиле двајца цивили во регионот Доњецк, гранатирани цивилни објекти во регионот Днипропетровск

0
By Sashko on August 26, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руските сили на 25 август убиле двајца цивили и раниле уште шестмина во регионот на Доњецк, изјави Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк на својот канал Телеграм, пренесува агенцијата „Укринформ“.

„На 25 август Русите убија двајца цивили во регионот на Доњецк: во Сиверск и Зеленопилија. Уште шестмина беа повредени“, напиша тој.

Според него, во моментов е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха.

Руските трупи во текот на ноќта девет пати ја гранатираа областа Днипропетровск, напиша ова на својот  Телеграм канал Валентин Резниченко, шеф на регионалната воена управа на Днипропетровск.

„Ноќ со девет гранатирања. Три области беа под непријателски оган. Руската армија синоќа пет пати ги гранатираше областите Никопол, Синелникове и Криви Рих, користејќи Градови и тешка артилерија“, напиша тој.

Според него, во Никопол биле оштетени десетина приватни куќи, училиште, санаториум и далновод. Без струја останаа и до 1.000 локални жители. Електричарите веќе го обновуваат снабдувањето со електрична енергија. Луѓето не се повредени.

Пет гранати „Град“ ја погодија заедницата Марханец и десет гранати испукани од тешка артилерија ја погодија заедницата Червонохрихоривка. Не се забележани разурнувања или жртви.

Две заедници во областа Синелникове беа под ракетно гранатирање. Непријателските сили оштетија земјоделско претпријатие во една заедница и компанија за одржување на патишта во друга. Се запали хангар со опрема. Пожарникарите веќе го изгаснаа пожарот.

Во областа Криви Рих, непријателот ги погоди заедниците Зеленодолск и Широке. Не се забележани разурнувања и жртви.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.