Руските сили зазеле уште еднa база на Крим. Феодосија беше една од последните бази кои ги контролираше Кеив, а руските сили некое време ја држеа под опсада.
Украинските власти известија дека руските сили ја зазеле базата во Феодосија, јавива BBC. Тоа е трет таков напад последните два дена.
Според зборовите на портпаролот на украинскотот министерство за одбрана Владислав Селезњов, Русите базата ја нападнеле од две насоки и при тоа ги фатиле украинските војници и им ги врзале рацете на офицерите.
BBC јавува дека базата Феодосија е целосно под руска контрола и дека таму веќе нема Украинци.
Русија зазеде голем дел од украинските воени бази на Крим, од кои две ги зазеде во петокот.