Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: „Империја“ не само што нема да застари, туку истрагата ќе се интензивира

0
By Нова ТВ on July 1, 2020 ВЕСТИ
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не само што нема да застари, туку истрагата за случајот „Империја“ ќе добива на интензитет, уверува обвинителката Вилма Русковска.

„Можам да кажам дека истрагата за „Империја“ ќе се интензивира. Од крајот на февруари, знаете, почна кризата со Ковид-19 и не можеше да се испитуваат сведоци. Се договоривме и со колешката Гордана Смаќоска и со колешката Лиле Стафанова во наредниот период да се интензивира работењето во овој предмет“, порача Русковска.

Случајот „Империја“ е отворен за истрага за финансиски криминал против бизнисите на Јордан Камчев и членови на неговото семејство, а во предметот, меѓу другите, се опфатени и Сашо Мијалков и Цветан Панделевски. Истрагата ја отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ја водеше обвинителката Лиле Стефанова.

По ланскиот трансфер на предметите на СЈО кај редовните обвинителства, „Империја“ со повеќето други истраги завршија во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција чија шефица е Русковска. Стефанова доби овластување да продолжи да ја води истрагата додека, покрај неа, во случајот се вклучи и обвинителката Гордана Смаќоска.

Со новиот Закон за јавно обвинителство кој стапи на сила вчера, предвидено е Обвинителството со кое раководи таа да се прошири со нови обвинители, а на прашањето дали очекува обвинителите од СЈО да го засилат тимот, таа вели дека може да конкурира секој што ги исполнува условите.

„Има интерен оглас, треба да се исполнуваат одредени критериуми и секој што ги има може да конкурира. Конечниот избор е на Советот на јавни обвинители“, нагласи Русковска.

Вилма Русковска обвинителство Случај „Империја“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.