Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте: ЕК да си „го затегне ременот“, наместо да бара уште пари од земјите членки

0
By Ана Василевска on October 27, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија треба да го затегне ременот, наместо да бара од земјите на ЕУ дополнителни средства, изјави холандскиот премиер Марк Руте коментирајќи го предлогот на ЕК за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на Унијата за периодот 2021-2027 година, со кој се бараат дополнителни 66 милијарди евра.

Во предлогот на Еврокомисијата се наведува дека тие дополнителни средства се потребни за справување со финансиските тешкотии поврзани со поддршката на Украина, за менаџирање на миграцијата, како и за покривање на зголемените трошоци за задолжување при спроведувањето на мерките за закрепнување од ковид пандемијата.

Неоспорувајќи ги зголемените трошоци на буџетот на ЕУ, Руте оцени дека тие треба да се покријат со пренамена на буџетските пари.

– Значи, нашите три приоритети се: пренамена, пренамена и пренамена. Исто како и во националниот буџет, одвреме-навреме треба да го затегнете ременот на другите ставки. Тоа мораме да го сториме и во Холандија, изјави Руте.

Холандскиот премиер, сепак, нагласи дека тој е за обезбедување дополнителни средства за Украина, додавајќи дека „всушност сите го поддржуваат тоа“, иако „никој не среќен кога треба да го отвори својот паричник“ за потребите на Брисел во време на зголемен притисок за намалување на трошоците.

Се оценува дека испреплетувањето на деловните и политичките интереси продолжило да ја попречува независноста на медиумите и квалитетот на новинарството

Земјите членки на ЕУ се речиси едногласни во противењето на барањата на Европската комисија на ЕУ за дополнителни пари, при што Холандија е еден од најжестоките критичари на ваквиот предлог.

Холандија е во ек на предизборна кампања за парламентарните избори на 22 ноември. Според последните анкети на јавното мислење, новоформираната популистичка партија Нов социјален договор (НСЦ) која се противи на зајакната евроинтеграција би освоила 27 до 28 пратеници, либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте 26, а коалицијата на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) предводена од поранешниот еврокомесар за климатска акција Франс Тимерманс 24 или 25 мандати. Натаму следат две десничарски партии – националистичката Партија на слободата (ПВВ) со 19 до 20 места и популистичкото Движење Земјоделци-граѓани (БББ) со 11 пратеници. Во идниот холандски Парламент би влегле уште 11 или 12 партии, предводени од либералната Демократи 66 (Д66) со шест или седум пратеници и конзервативниот Христијанско демократски повик (ЦДА) и десничарскиот националистички Форум за демократија (ФВД) со по четири или пет мандати.

Ноќеска по полноќ, по завршувањето на првиот ден од Самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека во однос на ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка, повеќето лидери на членките на Унијата ја потенцирале важноста за поддршката Украина, но се разговарало и за „други приоритети“ кои може да се земат предвид при носењето одлука за овој предлог.

– Како ги финансираме нашите заеднички приоритети? Ова е традиционална дебата. Која е амбицијата во однос на она што ние го нарекуваме „свежи пари“ и која е амбицијата во однос на пренамената со цел да бидеме сигурни дека ќе можеме да го прилагодиме буџетот на потребите и приоритетите за следните години, нагласи Мишел.

Тој додаде дека за ревизијата на Буџетската рамка дискусиите ќе продолжат меѓу тимот на шпанскиот премиер Педро Санчез, во својство на претседавач со ЕУ, и Советот на постојаните претставници на земјите членки (Корепер), за да се дојде до прифатлива одлука.

– Кога ќе видиме и ќе почувствуваме дека таа е соодветна, Европскиот совет ќе дискутира по неа и ќе го финализира процесот на носењето одлука. Имаме заедничка цел, заедничка амбиција. Ова треба да се договори до крајот на годината. Ова е амбициозно, бидејќи не го потценуваме нивото на тежина. Ова е тешка дебата, тешка одлука, но постои заедничка волја, заедничка политичка цел да се направи се, за да се постигне овој договор до крајот на годината, додаде Мишел.

Европска комисија Марк Руте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.