Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте: Топката за мир во Украина сега е на теренот на Русија

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го проби ќор-сокакот и започна разговори, чекор по чекор, за постигнување мир во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата во врска за напорите на САД за ставање крај на украинскиот конфликт.

Очигледно е дека сега топката е на теренот на Русија и ќе видиме што ќе се случи. Не би сакал да се мешам во тие разговори со мои коментари од Брисел. Ќе видиме како тие ќе се одвиваат, рече Руте, додавајќи дека е импресиониран од тоа како Американците засега го водат процесот и е задоволен од тоа што тие редовно ги информираат европските партнери за текот на разговорите.

Рутеј истакна дека САД се обидуваат да биде постигнат праведен и траен мир во Украина, со цел да се обезбедат гаранции дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе нема да се обиде да освои ниту еден километар квадратен од украинската територија во иднина.

За жал се уште нема мировен договор, дури нема ни прекин на огнот и Американците работат деноноќно да се случи тоа, додаде Руте.

Според него, дури и да заврши војната во Украина, не треба да се биде наивен околу заканата што ја претставува Русија, а фактот што Кина, Северна Кореја и Иран се инволвирани во конфликтот поддржувајќи ја Москва, го прави не само европско, туку и глобално прашање.

Руте нагласи и дека на ланскиот Самит на НАТО во Вашингтон сојузниците порачаа дека патот на Украина кон НАТО е неповратен процес, но дека на Киев никогаш не му е ветено дека членството во Алијансата ќе биде дел од некаков мировен договор.

 

Мир Русија Руте Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.