Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте во Приштина: ЕУ не треба да го вперува прстот во „виновникот“ во косовско-српскиот спор

0
By Ана Василевска on July 4, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Марк Руте
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Холандија, Марк Руте, кој заедно со неговиот луксембуршки колега, Ксавиер Бетел, престојува денеска во Косово, изјави дека неговата држава ги поддржува Косово и Србија на патот на дијалогот со цел нормализирање на односите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на новинарите по средбата со косовскиот премиер, Албин Курти, Руте рече дека намалувањето на тензиите во областите во северно Косово, населени со мнозинско српско население, е значајно не само за мирот во регионот, туку и за просперитетот на Косово и Србија кон интеграциите во Европската унија.

– Денеска ја изразивме нашата загриженост поради растот на тензиите меѓу Косово и Србија. Холандија и Луксембург настојуваат да ја нормализираат и да ја деескализираат ситуацијата во правец на водење дијалог, да ги нормализираат односите меѓу двете држави. Верувам дека ова е значајно не само за мирот во регионот, туку и за просперитетот кон интеграциите во ЕУ, рече Руте.

Според холандскиот, вперувањето со прст од страна на Брисел кон „виновникот“ во актуелниот спор меѓу Приштина и Белград нема да помогне за смирување на состојбите.

– Не знам дали треба да го вперуваме прстот кон виновникот, кон Косово или на Србија, затоа што тоа не помага во ситуацијава. Ние сакаме да бидеме од помош. Во моментот кога ЕУ поаѓа да го бара виновникот и да го вперува прстот, додека обете страни велат дека се во право, ја губиме позицијата, рече Руте.

Премиерите на Холандија и Луксембург допатуваа во Приштина од Белград, каде што вчера се сретнаа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Нивната посета на двете земји, како што изјавија синоќа по средбата со Вучиќ, е со цел да придонесат за смирување на тензиите и нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

Пред да се сретнат со Курти, Руте и Ксавиер беа примени од претседатгелката на Косово, Вјоса Османи.

ЕУ Марк Руте Србија. Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.