Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Бугарија има проблеми со човековите права

0
By Соња Крамарска on April 14, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија има значителни проблеми со човековите права, сериозни проблеми со независноста на судството, корупција, нетолеранција и ограничувања на слободното изразување, вклучително и закани за насилство врз новинарите и корпоративен и политички притисок врз медиумите во земјата. Тоа е наведено во годишниот извештај на Стејт департментот за човекови права на во Бугарија минатата година. Амбасадата на САД во Софија го објави делот од извештајот кој се однесува на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во извештајот се соопштува за сериозна корупција. Корупцијата, заедно со неефикасноста и недостиг на отчетност, се меѓу причините за ниското ниво на доверба во судството, и покрај тоа што Уставот и законите предвидуваат тоа да биде независно. Во Извештајот се изразува загриженост поради недостигот на судска контрола против одлуката на обвинителството да не покрене истрага и поради влијанието на обвинителството врз Вишиот судски совет на Бугарија.

lg.php.gifАмериканскиот Стејт департмент обрнува внимание и на податоците за нелегалното прислушување и следење во Бугарија, повикувајќи се на заклучокот на специјалната комисија во Националното собрание за над 900 лица, меѓу кои и политичари, судии и новинари кои биле следени за време на антивладината протести во 2020 година. Извештајот ја разгледува и истрагата за полициското насилство врз демонстрантите.

Во документот се наведува дека независните медиуми биле отворено нападнати од политичари на сите нивоа и биле под административен и судски притисок. Цитирана е изјава од мај 2021 година на поранешниот генерален директор на Бугарското национално радио, Андон Балтаков, кој вели дека законот во земјата фаворизира политичко мешање во управувањето со медиумите преку контролирано финансирање.

Бугарија Стејт Департмен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.