Во операцијата против проституција која минатата недела се одржа во над сто градови во САД,, американските власти спасиле 168 деца, соопштува Федералното биро за истраги (ФБИ). Повеќето од жртвите дури не биле ни прогласени за исчезнати.
Директорот на ФБИ, Џејмс Коми соопшти дека во рамките на операцијата уапсени се околу 280 макроа.
-Тоа не се какви било деца од далечни земји. Тоа се американски деца, додаде Коми објавувајќи ги резултати од операцијата.