Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД го критикува Советот за безбедност на ОН што неколку големи западни земји ја признаа палестинската држава

0
By Marija Todorovska on September 24, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот CNN
Фото: Скриншот CNN
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 24, 2025 09:48

САД го критикуваа Советот за безбедност на ОН поради фактот што неколку големи западни земји неодамна ја признаа палестинската држава.

Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц во излагање пред Советот за безбедност на ОН ја „перформативна“ конференцијата на ОН за промовирање на решението за две држави на Блискиот Исток, чии домаќини беа Франција и Саудиска Арабија.

За жал, вчерашната конференција зборуваше за домашната публика, но ќе ја продолжи оваа трагична војна во Газа и ќе го продолжи страдањето“, рече Волц, додавајќи дека палестинската милитантна организација Хамас „денес е охрабрена по таа конференција“.

Волц, исто така, ги повтори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека палестинската група одбила неколку разумни понуди за прекин на огнот во Газа, што Хамас го отфрли.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја поздрави конференцијата, зборувајќи за „блескава надеж среде темнината од последните неколку месеци“.

За време на конференцијата, која се одржа пред генералната дебата на Генералното собрание на ОН, Франција и Белгија ја признаа државата Палестина. Еден ден претходно, Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Португалија го направија истото.

Други земји, исто така, изразија солидарност со Палестина и со луѓето во Појасот Газа во Советот за безбедност.

Газа е катастрофа создадена од човек, рече словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон и додаде дека „во ситуацијата таму доминираат смрт и очај“.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен го повика Израел „веднаш да го промени својот курс“.

Војната во Газа мора да заврши, нагласи тој.

Волц, исто така, се пожали дека специјалниот состанок на Советот за безбедност бил закажан за вторник. Рош Хашана, еврејската Нова година, почна во понеделникот вечерта и трае до среда.

Сметаме дека е длабоко за жалење што членките на Советот избраа да го свикаат овој брифинг на високо ниво на Советот за безбедност на ОН за Газа на Рош Хашана – еврејската Нова година – знаејќи дека таа одлука го исклучува Израел, рече Волц.

Искрено, колеги, тоа е доказ за тоа како овој Совет даде приоритет на многу перформанси наместо на сериозни напори за напредок кон мирот, рече тој

ОН Палестина Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.