Хилари Клинтон изјави дека се уште не одлучила дали ќе се кандидира за претседателските избори во 2016 година, и најави дека одлуката ќе ја донесе наредната година.
Според неа, се работи за „тешка одлука“ за која нема потреба да се брза. Доколку реши да се кандидира, според наводите, приоритет ќе и бидат невработеноста, малите бизниси кои немаат пристап до кредити и фактот што граѓаните за храна започнаа да добиваат бонови.
Анкетите покажуваат дека Клинтон е водечки кандидат на Демократската партија и се смета дека ќе го наследи претседателот Барак Обама.