САД и ЕУ разговараaт за “подлабоки санкции” против Русија, ако постојат “дополнителни упади во Украина”, најави американскиот претседател Барак Обама.
САД и Европа признаваат дека санкциите би можеле да имаат пошироки глобални импликации, особено за оние земји кои се потпираат на руската нафта и природен гас, рече тој.
Тој зборуваше по разговорите во Брисел со лидерите на ЕУ.
Во воведниот говор подоцна, тој рече дека Русите “ќе признаат дека тие не може да постигнат безбедност, просперитет и статус … преку брутална сила”.
“Тоа е причината зошто, во текот на оваа криза, ние ќе го комбинираме нашиот суштински притисок врз Русија со отворена врата за дипломатија”, изјави тој на крајот од неговата посета на Брисел.
Тензиите се високи меѓу Западот и Русија откако јужниот полуостров Крим на Украина беше заземен од страна на руските сили претходно овој месец по референдумот што Киев и нивните западни сојузници го сметаат за нелегални.