Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД и Русија со спротивни интереси во Украина: Можна гео-политичка криза?

0
By НОВА ТВ on April 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД е загрижен околу бројот на руски војници кои се собираат на руската граница со Украина. Новиот државен секретар Антони Блинкин од администрацијата на Џо Бајден предупредува дека ќе „има последици“ доколку Русија се однесува агресивно. Во интервју со Meet the Press, секретарот Блинкин кажа дека моментално има повеќе руски трупи на војници на границите на Украина отколку во 2014тата година кога започна кризата во украинскиот полуостров Крим.

Во 2014тата година се одржа референдум на територијата на Крим во кој 95.5% од гласачите изразија поддршка за соиденување со Руската Федерација. Иако луѓе од различни етницитети живеат во Крим, во 2014 58% од популацијата во Крим беа етнички Руси, додека другиот дел од населението беа групи како етничките Тартари и Украинци. Особено луѓе од овие малцински етницитети во регионот не го поддржувале напуштањето на Украина од страна на Крим и го бојкотирале референдумот. Овој локален референдум доведе до гео-политичка криза пред 7 години бидејќи ЕУ и САД имаа комплетно различни интерпретации за што всушност се случило отколку Русија. По телефонски повик помеѓу тогашниот американски претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин, двајцата лидери излегоа со контрадикторни изјави. Кремљ (руската влада) пренесе дека двете држави сакаат да го стабилизираат регионот додека Путин изјави дека украинска влада не направи доволно за го сопре насилството од страна на ултра националистички сили. Обама и ЕУ, пак, го сметаа самиот референдум за нелегален.

Брзо по резултатите на референдумот Русија го анексираше Крим, кој потоа стана федерална република во рамките на Руската Федерација. Но Украина и голем дел од меѓународната јавност не го сметаат овој акт како легален и сметаат дека Русија всушност го окупира Крим.

Крим исто така е важна територија од гео-политичка перспектива бидејќи излегува на Црното Море што е многу важна географска одредница за регионална и светска трговија. Крим исто така има играно важна улога како регион за време на постоењето на Советскиот Сојуз, особено откога советскиот лидер Никита Крушчев ѝ го „поклони“ Крим на Украинската Република во рамките на Советскиот Сојуз во 1954тата година. Во напис на Center for Strategic and International Studies (CSIS), Борис Тоуцас објаснува дека Крим добил дополнително значење по падот на Советскиот Сојуз и НАТО интеграцијата на Бугарија и Романија – две држави кои излегуваат на Црното Море. Односно, за време на еден друг вид на студена војна од 21виот век, Русија почнала повторно да се фокусира на Крим како територија по зајакнувањето на НАТО влијанието во тој регион.

Во 2021вата година, светот повторно обрнува внимание на овие регион. Американскиот државен секретар Антони Блинкин веќе зборуваше со Германија и Франција за „руските провокации против Украина“. Минатата недела прес секретарката на Белата Куќа, Џен Псаки рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден веќе се консултира со НАТО сојузниците околу потенцијалното зголемување на тензии во регионот. Руското министерство за Одбрана има најавено над 4 000 воени вежби кои се планирани за месец април за да се провери спремноста на руската војска што е индикација дека можеби Русија се спрема за потенцијален воен конфликт. Порпаролот на Кремљ, Дмитри Песков кажа дека Кремљ има сомнежи дека можна е граѓанска војна во Украина.

„Ако во близина на нашите граници има граѓанска војна — целосна воена акција — тоа би ја загрозило безбедноста на Руската Федерација,“ кажа Песков. Претседателот Путин исто така ја обвини Украина за продолжување на наводните „опасни провокативни акции“. Но украинската влада кажа дека минатиот месец четворица украински војници биле убиени од страна Русија, имплицирајќи дека постои агресија од страна на Русија.

Турскиот претседател Рeџeп Таиб Ердоган исто така коментираше околу ситуацијата и кажа дека се надева дека ќе конфликтот ќе се реши по мирен пат. Турција е исто така членка на НАТО Сојузот и кажа дека го поддржува територијалниот интегритет на Украина. Моментално, остануваат многу прашања отворени околу тоа како ќе се разреши овој потенцијален конфликт.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.