САД и нивните сојузници ги почнаа првите напади против „Исламска држава” во Сирија. Војната против тероризмот започна, јавува Дојче веле.
По долго колебање САД се одлучија да ја нападнат „Исламска држава” и во Сирија, во ракот каде е седиштето на исламистите. Американците го извршиле нападот вчера заедно со своите сојузници од арапскиот свет. Меѓу нив е и Саудиска Арабија, која е под сомнение дека ги поддржувала и финансирала исламистите.
Во 50-тина напади врз цели на Исламската држава биле ликвидирани и неколку десетици џихадисти.
Веќе е јасно дека САД не се сами во војната против фундаменталистите. И иако се уште не добиле мандат од ОН, Американците се стремат да создадат уште поголем алијанса.
Традиционалните сојузници на Вашингтон – Велика Британија и Франција, исто така се подготвени за напади против исламистите.