САД „многу сериозно“ ги сфаќаат заканите од Северна Кореја: властодржецот во оваа земја сака да „расчисти сметка“ со Вашингтон. Тој веќе издаде наредба за подготовка на ракетите за можни напади врз цели во САД, јавува Дојче веле.
Во случај на „безобѕирни“ провокации од страна на САД, силите за безбедност на Северна Кореја би морале „безмилосно да го нападнат американското копно и воените бази на пацифичките острови Гуам и Хаваи, како и нивни бази во Јужна Кореја“, го цитира новинската агенција КЦНА севернокорејскиот властодржец.
Ракетите кои се ставени во состојба на готовност по итната седница на Ким Јонг Ун со водечките воени лица би требало да можат во „секое“ време да бидат активирани, се вели од Пјонгјанг. Било „дојдено времето да се подмират сметките со американските империјалисти“.
Претставник на војската на Јужна Кореја рече дека во базите каде се стационирани ракетите во Северна Кореја е регистирирано значително зголемување на активностите на лица и возила. Меѓутоа не се знае дали севернокорејските ракетни капацитети се доволни да стигнат до американско копно.