Стејт департментот синоќа издаде наредба до сите неопходни владини службеници да го напуштат Конзулатот во Шангај поради зголемениот број на заразени со ковид-19 и кинеските мерки за борба против вирусот.
Најконтроверзната пракса во Шангај е одвојување на децата позитивни на ковид-19 од нивните родители.
Шангај се справува со најлошиот бран од појавата на ковид-19 во Вухан кон крајот на 2019 година.