Американскиот Стејт департмент повторно со коментар за случувањата во Македонија.
Директорката на прес канцеларијата на Стејт Департментот, Елизабет Трудо во изјава за Гласот на Америка го повика Иванов да ја поништи неговата одлука.
„Ние и ЕУ јасно ја искажавме загриженоста за важноста на кредибилни избори во Македонија. Времето е кратко. Многу преостанува да се направи. Силно го поттикнуваме претседателот Иванов да ја поништи неговата одлука и да му дозволи на Специјалното обвинителство и на судовите да ја вршат својата работа“, гласи изјавата на Трудо.