Бурата која создаде хаос во областа на Оклахома Сити, генерираше неколку торнада во кој загинаа пет лица и испрати десетици илјади да се борат за засолниште, се пресели доцна синоќа над Мисури, јавува Си-Ен-Ен.
Националната метеоролошка служба предупреди дека има “потврдено и крајно опасно торнадо” кое беше во близина на градот Харвестер, околу 25 милји северозападно од Сент Луис.
Нема непосредни извештаи од катастрофални штети или поголеми повреди во областа Сент Луис, рече Џеф Рејнфорд, шефот на кабинетот на градоначалникот Францис Слеј.
Меѓународниот аеродром Ламберт-Св. Луис беше затворен поради тешки временски услови и известено е за материјална штета до терминалот, рече тој.
Додека властите во Мисури ги повикаа луѓето да се засолнат, властите во Оклахома работат за да се утврди колку луѓе загинаа и се повредени во бурата што го погоди најголемиот град на државата.