Новaта рунда на американските потези против Русија вклучува санкции за двајца членови на “внатрешниот круг” на претседателот Владимир Путин и чекори да се спречи Москва од добивање на технологија за своите воени потреби, Белата куќа објави во понеделник, јавува Си-Ен-Ен.
Санкциите, кои претседателот Барак Обама ги опиша како “насочени” се одговор на дејствата на Русија во Украина.
“САД има преземено понатамошно дејство денес како одговор на континуираната незаконската интервенција на Русија во Украина и провокативните акти кои ја поткопуваат демократијата на Украина и се закануваат на мирот, безбедноста, стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет”, соопшти Белата куќа во соопштението.
Од средбата во Женева, Швајцарија, на 17 април, Русија “нема направено ништо” за да ги исполни своите обврски “и всушност уште повеќе се влоши кризата”, се додава во соопштението.
Санкциите на САД против Русија се “бесмислени, срамни и одвратни”, вели рускиот министер влада Сергеј Ријабков.