Коалицијата против Исламската држава предводена од САД се насочи кон 12 рафинерии во Сирија на третата ноќ од воздушните напади против војниците на ИД.
Рациите спроведени од авионите на САД, Саудиска Арабија и обединетите Арапски Емирати убија 14 војници и пет цивили во источна Сирија.
Според Пентагон, рафинериите дневно генерираат до 2 милиони долари кои одат во рацете на милитантите.
Американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе ја уништи „мрежата на смртта” на ИД.
Се верува дека ИД контролира шест од 10 нафтени полиња во Сирија, вклучувајќи го и објектот Омар и четири мали полиња во Ирак, вклучувајќи Аџел и Хамрен.
Производството во Сирија се проценува на 50.000 барели дневно и 30.000 во Ирак, при што се генерираат приходи помеѓу 1 милион и 5 милиони долари на ден.
Нафта им се продава на локалните трговци, или на посредници кои ja прошверцуваат во ирачкиот Курдистан или преку границите со Турција, Иран и Јордан, а потоа го продаваат на трговци на сивиот пазар. Нафтата исто така се продава и на сириската влада.
ИД заплени големи области на Сирија и Ирак во последните неколку месеци и контролира неколку нафтени полиња. Продажбата на шверцувана нафта помогна во финансирањето на офанзивата во двете земји.
САД започна околу 200 воздушни напади против милитантите во Ирак од август и ја прошири операцијата против ИД во Сирија во понеделникот.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби рече дека целта на нападите „не била да се убијат милитантите”, туку да уништи објекти, кои беа финансирање преку црниот пазар.
ИД го окупираше Кобане за неколку дена, преземајќи контрола на околните села и принудувајќи повеќе од 140.000 сириски Курди да бегаат во Турција.
Бунтовничките сили се соочуваат со неколку неуспеси во последните месеци поради офанзивите против нив.
Во средата, Советот за безбедност на ОН усвои обврзувачка резолуција што ги обврзува државите да ги спречат нивните државјани да се приклучуваат кон џихадистите во Ирак и Сирија.
Претседателот Обама претседаваше со седницата и рече дека мора да се спречи регрутирање и финансирање на странски борци.